Реклама

(ВИДЕО+ФОТО) Две мајстории на Силва и Прелчец за победа на Борец против Академија Пандев

Фудбалерите на Борец стигнаа до втората победа сезонава, а прва на домашен терен во петтото коло од ПМФЛ. Совладана е екипата на Академија Пандев со 2:0, во натпревар, во кој Борец „додаде гас“ во второто полувреме, кога и ги постигна головите.

Zito akcija 640x289px

Натпреварот започна со претпазлива игра на двете страни. Најчесто се играше на средината на теренот, а голманите Мустафа и Алчевски немаа премногу работа. Најголемата шанса ја имаше Марјан Ристовски во завршницата, кога шутираше млако кон голот на гостите.

Agria

Велешани го почнаа второто полувреме многу поофанзивно и уште во почетните минути беше видливо дека повеќе ја посакуваат победата од својот противник. Сепак, се до 70 минута немаше посериозни шанси пред двата гола.

Тогаш, Борец изведе полу-контра, Радовиќ се проби по левата страна, упати повратна топка на пеналтикот кон Прелчец, домашната одбрана реагираше несмасно и ја одби топката до Силва, кој сам, непречен од никого, од 18 метри пласираше неодбранливо во голот на „Пандевци“.

Осум минути подоцна, судијата Мечкароски досуди слободен удар за Борец на работ од гостинскиот шеснаесетник, а капитенот Никола Прелчец со мајсторски удар ја удвои предноста на Борец.

До крајот на натпреварот струмичани ја отворија играта, но не создадоа вистинска шанса за гол, а Борец можеше и уште поубедливо да победи, ако домашните играчи реализираа некоја од шансите.

Во таборот на Борец атмосферата по натпреварот беше победничка, а импресиите по победата за Батали.нет ги пренесуваат тренерот Горазд Михајлов и стрелецот на вториот гол, Никола Прелчец. Изјавите можете да ги погледнете подолу во текстот.

По пет одиграни кола, Борец има осум бода и е на делбата на четвртото место, заедно со екипата на Работнички, со која има и иста гол-разлика.

70` Силва 1:0

78` Прелчец 2:0

Изјава на Горазд Михајлов

Изјава на Никола Прелчец

Натпреварот Борец – Академија Пандев низ фотографии

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/12133/video-aleksandar-ilievski-i-jana-kostandinovska-pobedniczi-na-veleshkiot-plivachki-maraton/