ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Ова е фотографијата од Стојановиќ по атентатот: Девојка се обидела да му помогне на тешко повредениот Стојановиќ

Непосредно по експлозијата, една жена се обидела да го спаси тешко повредениот Страхиња Стојановиќ. На фотографијата се наоѓа разнесениот Страхиња Стојановиќ, веднаш по експлозијата на неговото возило, кое е разнесено во движење, на улица „Омладинских бригада“ во Нов Белград.

Zito akcija 640x289px

Тој се здобил со тешки повреди од кои починал во болница. Од детонацијата на Страхиња му се отсечени двете нозе до колената, а на фотографијата се гледа и жена која се обидува да му помогне на повредениот и онсевестен Стојановиќ.

Agria

Тој е префрлен во Ургентниот центар, каде што лекарите се бореа за неговиот живот, но поради тешките повредни на внатрешните органи, им подлегна на повредните.

Вчера околу пладне, на улица „Омладинских бригада“, во Нов Белград, џипот на Стојановиќ е дигнат во воздух, а се претпоставува дека можна причина би можела да биде бомба поставена под автомобилот. Покрај Стојановиќ во возилото се наоѓала и Колумбијка на возраст од околу 45 години, открива извор од истрагата. И двајцата се примени во Ургентниот центар и констатирани се тешки телесни повреди.

Над Страхиња, кој се поврзува со убиството на познатиот белградски адвокат Драгослав Миша Огњановиќ и порано имало обиди за атентат.

Преземено од kurir.rs

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/12293/video-eksplodirashe-dhip-vo-belgrad-vo-atentat-zagina-strahina-stojanovik/