66-годишен жител на велешкото село Горно Оризари тешко повредил свој соселанец, кога возејќи го својот автомобил удрил во пешакот. Несреќата се случила вчера околу 13 часот на улица „Сараевска“ во селото Горно Оризари.
„На 13.09.2020 околу 13.00 часот на ул.„Сараевска“ во с.Горно Оризари, велешко, патнички автомобил „опел вектра“ со велешки регистарски броеви, управуван од Р.О.(66), удрил пешак Е.Ш.(42). Во незгодата Е.Ш. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Велес“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Полицијата изврши увид на местото на настанот.
Можеби ќе те интересира: