Реклама

Се излеа јаловина во Каменичка Река

jalovina vo kamenicka reka

Коритото на Каменичка Река од утрово плива во јаловина која што, според информации на граѓани на Македонска Каменица се влеала во Калиманско езеро. Меѓу првите кои излегоа на терен беа членивите на здружението на спортски риболовци „Шаран“ кои ја констатираа, како што наведуваат, катастофалната состојба.

Zito akcija 640x289px

„Наши членови во моментот се на терен, земаат мостра од присуството на јаловина во водите на Каменичка Река. Мострите дополнително ќе бидат препратенаи до надлежните на испитување. Она што е очигледно е дека има помор на риби во реката, а дополнително ќе утврдуваме дали тоа е случај и на Калиманско езеро, истакнаа од здружението“ ,,Шаран”.

Agria

Во меѓувреме, Општината закажа состанок со надлежните по кој најавија подетална информација за денешното излевање на јаловина во коритото на Каменичка Река. Соопштение исто така е најавено и од Рудник Саса кои, според информациите на риболовното друштво, веќе го пријавиле случајот во Министерството за животна средина.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/12310/udril-peshak-vo-veleshko-gorno-orizari/