Реклама

Еколошка хаварија, се излеа јаловина од рудник „Саса“

Kamenicka reka

Јаловина од рудникот „Саса“ ја потемне Каменичка река. Колкава количина  завршила во водата од реката што се влева во езерото Калиманци и каква штета предизвикала ќе покаже истрагата на инспекторите за заштита на животната средина. Први на терен излегле членовите на здружението на спортски риболовци „Шаран“ . Состојбата ја опишуваат како катастрофална и голема хаварија за регионот. Сликите од утринава ги потсетија жителите на големата еколошка катастрофа од пред 17 години, кога целосно попушти старото јаловише на „Саса“.

Zito akcija 640x289px

Внимателно во наредниот период ќе се следи и квалитетот на водата на Брегалница бидејќи вода од неа пијат неколку општини по нејзиното течение, а од Калиманци се наводнуваат и над 5000 хектари земјоделско земјиште од кочанско до овчеполието.

Agria

„Веќе се договоривме со директорот на рудникот „Саса“ и менаџментот, за најбрзо чистење на речното корито и санирање на штетите нанесени од оваа хаварија“ изјави Сања Стаменкова градоначалник на Македонска Каменица.

Од рудникот „Саса“ со соопштение го потврдија дефектот на јаловиштето, но истекувањето што се случило утринава брзо било запрено. Сега според нив состојбата е нормализирана.

„Професори од рударскиот факултет во Штип и градежниот факултет во Скопје, заедно со стручни екипи на компанијата, отпочнаа детална истрага за да ги утврдат причините за инцидентот.  Првичните резултати од истрагата покажаа дека дефектот не претставува закана за здравјето и безбедноста на вработените во рудникот и на жителите во неговата околина“, се вели во соопштението од рудникот „Саса“.

Јаловиштето чиј насип сега попушти е пуштено во употреба пред само неколку месеци. Во него се вложени шест милиони евра. Увидите над државниот рударски инспекторат и оној за заштита на животната средина треба да утврдат дали се работело според прописите и што е причина за хаваријата.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/12343/so-premiera-na-makedonskiot-semeen-film-stela-startuva-19-sinedejs/