(ВИДЕО) Се извини момчето кое се мајтапеше со Брза помош

majtapenje so brza pomos

Момчето кое се мајтапеше со Брзата помош, а снимката ја објави на мрежата Тик Ток, се извини за својата постапка.

Zito akcija 640x289px

Во видео кое го постираше повторно на контроверзната мрежа, момчето вели дека било во службата за Итна медицинска помош и лично и се извинило на началничката д-р Трифуновска.

Agria

Момчето вели дека откако вработените во Итната помош го прошетали и го запознале со работата на оваа служба и откако видел како телефоните непрестајно ѕвонат и на колку луѓе навистина им треба медицинска помош, тој сфатил каква грешка направил со тоа што упатил лажен повик, па упати апел до сите, да не се мајтапат со оваа служба.

Вчера на мрежата Тик Ток се појави уште едно морбидно видео, во кое внук ја снима својата мртва баба. Граѓаните на фејсбук покренаа иницијатива со која бараат стоп за Тик Ток во Македонија.

https://www.facebook.com/stop.za.tik.tok/videos/2398804947089046/?t=7

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: