Црн биланс: Најмногу млади луѓе починати во еден ден од ковид-19 во земјава

Korona Makedonija
Korona Makedonija

23-годишнен скопјанец и 29-годишен струмичанец се меѓу деветте починати пациенти од коронавирус во последните 24 часа. Меѓу нив има и починат 44-годишен струмичанец, со што денешниот ден е еден од најцрните одпочетокот на епидемијата кај нас, поради смртта на многу млади пациенти.

Zito akcija 640x289px

Во меѓувреме, регистрирани се 98 нови случаи со коронавирус во земјава во последното деноноќие. Повеќе од половина се од Скопје – 50 случаи, а потоа следуваат Струмица со девет, Тетово со седум, Куманово со шест и Прилеп со пет нови случани. Во Штип и Битола се регистрирани по четири, во Струга три, по два новозаразени има во Охрид и Делчево и по еден во Велес, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Берово и Кичево.

Agria

Покрај веќе споменатите, почина пациент од Крива Паланка на 52 годишна возраст, двајца од Гостивар на 60 и 62 годишна возраст, 60-годишен жител на Куманово, вечешанец на 70 годишна возраст и пациент од Скопје на 71-годишна возрадст.

Во последните 24 часа се направени 1404 тестирања. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од:

  • Скопје 46
  • Штип 6
  • Прилеп 8
  • Тетово 9
  • Велес 1
  • Охрид 3
  • Гевгелија 1
  • Струмица 2
  • Крива Паланка 2
  • Кочани 2
  • Македонски Брод 5
  • Пехчево 4
  • Берово 4
  • Виница 2
  • Делчево 6
  • Свети Николе 1
  • Кичево 2

Досега во земјата се направени вкупно 167.760 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15925, бројката на оздравени пациенти е 13418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1846.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: