вторник, 22 септември, 2020
Реклама

Велешанец почина од коронавирус

Infektivno Veles 997x485

Повозрасен велешанец денеска почина од коронавирус. Тој е петнаесеттата жртва на вирусот во Велес, од почетокот на епидемијата. Поради компликациите, велешанецот се лекуваше на Инфективната клиника во Скопје.

Денеска е регистриран уште еден заразен велешанец со коронавирус, а во исто време еден велешанец оздраве. И покрај новите бројки, од Општинскиот кризен штаб велат дека состојбата во Велес е стабилна.

“Состојбата е стабилна, но непревидлива. Затоа мораме да бидеме многу претпазливи”, рече Аце Коцевски, градоначалник на Велес и прв човек на Кризниот штаб.

Досега во Велес се заразија 289 граѓани, од кои 257 оздравеа, 15 починаа, а 17 се активни случаи. 11 од нив се лекуваат дома, а на инфективното одделение на велешката болница има шест пациенти.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами