Актуелниот министер за здравство Венко Филипче вели дека доколку епидемиолошката слика е стабилна на почетокот на ноември ќе се даде дозвола уште некоја група од децата да оди со физичко присуство во училиштата, учениците од четврто, петто, шесто одделение, и прва година средно.
„Ако епидемиолошката слика е добра, во почетокот на ноември ќе дадеме дозвола уште некоја група од децата да биде со физичко присуство. Четврто, петто одделение, шесто…, можеби прва година средно…Сакаме да видиме каков ефект ќе има врз епидемиската слика во септември, на крајот, потоа во октомври, за да знаеме какви препораки да дадеме за последните два месеца од годината“, рече Филипче.
Дотогаш одлуката останува како што е – од 1 октомври, со физичко присуство, настава ќе следат децата од прво до трето одделение, додека останатите ќе следат онлајн-настава.
Можеби ќе ве интересира: