![Migranti veles pruga](https://i0.wp.com/batali.net/wp-content/uploads/sjqm82al9kbqnnaolarg.jpg?resize=618%2C296&ssl=1)
Околу 20 часот и 40 минути на пругата Гевгелија– Скопје, велешката полиција пронајде 22 лица мигранти, од кои двајца се малолетници.
Од таму велат дека десет мигранти се од Бангладеш, седум од Пакистан и пет лица од Авганистан.
Тие биле предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ и ќе бидат транспортирани во Транзитен центар Винојуг-Гевгелија.
Пред три и пол месеци камерата на батали нет успеа успеа да сними помала група на мигранти, кои транзитираа низ централното градско подрачје, низ железничката пруга.
Претходно, во март годинава, непосредно пред избивањето на епидемијата со коронавирус, екипата на ТВ24 успеа да сними репортажа со десетина мигранти кои попатно застанаа во дворот на хуманитарката Ленче Здравкин, која им пружи помош.