Реклама

Под ведро небо ќе се одржи 35-то издание на Макфест

Makfest

35 роденден фестивалот на забавни мелодии Макфест ќе го слави на отворено. Поради пандемијата и посебните протоколи за вакви настани од традиционалната сцена од Домот на културата, фестивалот се сели на плоштадот во Штип. Вечерва е ревијалната вечер на која осум македонски пеачи ќе испеаат познати хитови од фестивалот.

Zito akcija 640x289px

„На некој начин ќе се потсетиме низ еден музички времеплов, со присуство на конкретните изведувачи од тоа време, ќе направиме едено сеќавање и како водител повторно се појавува Маријана Станојковска“ изјави Кирил Панајотов, технички директор на Макфест.

Agria

Втората вечер ќе биде натпреварувачка и на неа ќе настапат 24 изведувачи. Годинава нема да се додели наградата за најдобра интерпретација бидејќи натпреварувачката вечер поради здравствените протоколи што бараат посебен микрофон за секој изведувач ќе биде на плејбек. Распоредот на пеење годинава го направи уметничкиот директор на Макфест.

„За публиката да ужива во сето тоа, и да се направи една претстава од 24 композиции направен е овој редослед, кој што мислиме дека ќе го одрази вистинскиот квалитет кој што го имаат самите композиции, и поради само една вечер, за разлика од претходните години е намален бројот на финалистите“ изјави Кирил Панајотов, технички директор на Макфест.

Останатите награди остануваат исти како и лани. 5000 евра за прво место, 3000 евра за второ и 1000 евра за трето место. Ќе се доделат и наградите за најдобар аранжман, за најдобар сценски настап и за дебитант. По втората фестивалска вечер за време на гласањето свое шоу ќе има и Игор Џамбазов со Гуру Харе, а со одлука на општината сите угостителски објекти за време на одржување на фестивалот ќе имаат продолжено работно време.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/12583/video-policzijata-pronajde-22-migranti-kaj-prugata-vo-veles/