28-годишен велешанец е уапсен, откако полицијата кај него пронашла прашкаста материја, за која се сомнева дека е дрога. Акцијата се случила синоќа околу 20:45 часот, во населба Тунел.
„На 17.09.2020 околу 20.45 часот на ул.„Павел Шатев“ во Велес, полициски службеници го лишиле од слобода Н.А.(28) од Велес затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: