Реклама

Четири нови случаи на коронавирус во Велес

Covid Macedonia 2

Четворица велешани се меѓу новозаразените граѓани, регистрирани во земјава во последните 24 часа. Министерството за здравство регистриран нови 144 позитивни на коронавирус, откако во последното деноноќие се направени 1545 тестирања. Регистрирани се и осум починати пациенти, меѓу кои има и млади луѓе.

Zito akcija 640x289px

Најмногу случаи на новозаразени се регистрирани во Скопје 27, Струмица 15, Прилеп, Кочани и Тетово по 13 и Куманово 11. Во останатите градови е регистриран едноцифрен број на новоинфицирани, во Гостивар и Радовиш по осум, во Штип и Битола по пет, во Велес четири, во Делчево и Дебар по три, во Охрид, Гевгелија, Крушево, Берово, Кичево и Ресен по два и во Кавадарци, Крива Паланка, Македонски Брод и Виница по еден случај.

Agria

Починати се осум лица, еден пациент еден од Струмица на 39 годишна возраст, еден пациент од Куманово на 48 годишна возраст, еден пациент од Кичево на 56 годишна возраст, еден пациент од Штип на 65 годишна возраст, двајца пациенти од Прилеп на 62 и 83 годишна возраст, еден пациент од Тетово на 69 годишна возраст, и еден пациент од Виница на 63 годишна возраст.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од:

Досега во земјата се направени вкупно 172.700 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16417, бројката на оздравени пациенти е 13732, на починати е 683, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2002.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/12509/kakov-imot-poseduvaat-veleshkite-prateniczi-janushev-i-zdravkovski-najbogati-apasiev-so-najgolemi-dolgovi/