Реклама

Јанкуловска: Дома сум, кој сака нека повели на кафе

gordana jankulovska

Поранешниот прв полицаец на чело на министерството за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска ги негира информациите на јавноста дека е во бегство, откако завчера Врховниот суд и ја одби жалбата на пресудата за „Тенк“ и ѝ ја потврди четиригодишната затворска казна.

Zito akcija 640x289px

Јанкулоска во изјава за „А1 он“ изјавила дека е дома и дека не се точни информациите дека избегала.

Agria

„Глупости се тоа. Дома сум. Кој сака нека повели на кафе. Да ви испратам локација, селфи, не знам што да ви кажам“, рекла Јанкулоска.

Од МВР велат дека се преземени стандардни полициски оперативни мерки и активности, но дека од судот немаат добиено никаква наредба за спроведување на Јанкулоска.

„Преземаме стандардни полициски оперативни мерки и активности, а се уште од судот немаме добиено никаква наредба за спроведување на Гордана Јанкулоска. Кога ќе добиеме соодветна наредба од судот, ќе постапиме по истата. За сите други информации надлежен е судот“, се вели во соопштението од МВР.

Покрај Јанкуловска казна затвор од две години има и за поранешнот премиер Никола Груевски и четири и пол за Ѓоко Поповски.

Јанкуловска е единствена која ќе добие упатен акт за во затвор, бидејќи екс-премиерот Груевски е азилант во Унгарија, а Поповски веќе е во затвор.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/12617/kako-da-prezhiveeme-do-2022-godina-soveti-od-glavniot-amerikanski-epidemiolog/