Реклама

Три нови случаи на коронавирус во Велес

koronavirus naucnici

Тројца велешани се меѓу 140-те заразените со коронавирус во земјава во последните 24 часа. Во овој период регистрирани се и шестмина починати, а Институтот за јавно здравје соопшти дека 60 пациенти ја победиле болеста.

Zito akcija 640x289px

И денеска најголем дел од заразените доаѓаат од главниот град, во кој се регистрирани 47 случаи. Двоцифрени се уште и Куманово со 18 и Тетово со 15 новозаразени. Во Прилеп се регистрирани седум, во Кочани пет, а во Гевгелија, Струмица и Радовиш по четири нови случаи. Во Струга, Велес, Битола, Гостивар, Берово и Свети Николе се регистрирани тројца новоинфицирани, а во Кавадарци, Пробиштип, Делчево, Кичево и Ресен по двајца. Само по еден случај е регистриран во Крушево и Македонски Брод. Новите заразени се откриени, откако се направени 1397 тестови.

Agria

Починати се шест лица, тројца пациенти од Скопје на 84, 73 и 74-годишна возраст, двајца од Тетово на 68 и 55-годишна возраст и еден пациент од Струга на 62 -годишна возраст. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 174.097 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16557, бројката на оздравени пациенти е 13792, на починати е 689, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2076.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/12632/eden-vraboten-vo-opshtina-veles-i-eden-vo-veleshkata-biblioteka-pozitivni-na-koronavirus/