Пет велешани се меѓу 178-те заразените со коронавирус во земјава во последните 24 часа. Во овој период регистрирани се и шестмина починати, а Институтот за јавно здравје соопшти дека 71 пациент ја победиле болеста.
Состојбата по градови изгледа вака:
Скопје-42, Куманово-19, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-16, Тетово-14, Струга-5, Велес-5, Битола-4, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-11, Гевгелија-4, Струмица-13, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-17, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Валандово-3, Виница-1, Делчево-2, Свети Николе-1, Кичево-8.
Починати се 4 лица, двајца пациенти од Скопје (61 и 59г), пациент од Куманово (69г) и пациентка од Штип (70г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 16735, бројката на оздравени пациенти е 13863, на починати е 693, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2179 лица.
Можеби ќе ве интересира: