
Седум фудбалерки од македонската женска репрезентација добија позитивни резултати од првиот скрининг тест на вирусот Ковид-19. Без никакви симптоми на Ковид-19 во самоизолација се две фудбалерки од Каменица Саса и пет фудбалерки од Тиверија.
Поради тоа селекторот на репрезентацијата, Кирил Изов беше принуден да прави дополнување на играчкиот кадар за натпреварот со Франција.
Натпреварот меѓу Македонија и Франција се игра утре на Националната арена „Тодор Проески“ во 21:00 часот.
Можеби ќе ве интересира: