23-годишник е меѓу седумте жртви на ковид-19 во последните 24 часа

kovid pocinat pacient
kovid pocinat pacient

23-годишно момче од Свети Николе почина утрово на Инфективната клиника во Скопје, како последица на компликации од ковид-19. Момчето пред четири дена било префрлено од велешката болница во скопската клиника, откако состојбата му се влошила. Според Министерството за здравство, момчето имало висок крвен притисок, обезност и епилепсија, а од вирусот развило и пневмонија.

Zito akcija 640x289px

Тој е еден од седумтемина кои ја загубија битката со ковид-19 во последните 24 часа во земјава. Починати се двајца пациенти од Струмица нс 52 и 62 годишна возраст, еден од Дебар на 54 годишна возраст, 53-годишна пациентка од Штип, пациентка од Прилеп на 66 годишна возраст, и 66-госишен пациент од Кочани.

Agria

Во последните 24 часа се регистрирани се 45 нови случаи на ковид-19, откако се направени 552 тестирања. Во Скопје се регистрирани десет, во Кочани девет, во Тетово и Берово по пет, во Куманово и Гостивар по четири, во Кичево два и во Штип, Прилеп, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Делчево по еден случај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти, што е речиси двојно повеќе од заразени во еден ден.

Во Велес денеска нема ниту заразени ниту оздравени пациенти. Од почетокот на епидемијата во овој град се регистрирани 309 заразени, од кои 258 оздравена, 15 починаа, а 36 се уште се активни случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 176.017 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16780, бројката на оздравени пациенти е 13949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2131.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: