Петмина пациенти починаа од ковид-19 во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Битката со болеста ја загубија 53-годишен пациент од Тетово, прилепчанец на 57-годишна возраст и тројца пациенти на 60-годишна возраст од Гостивар, Струга и Битола.
Втор ден по ред регистрирани се речиси двојно повеќе оздравени од заразени граѓани. Во последното деноноќие има нови 88 случаи со коронавирус, а во истиот период оздравеа 135 пациенти, меѓу кои и еден велешанец.
Новозаразените се откриени по направени 1618 тестирања, а и денеск анајмногу случаи има во Скопје 45, по што сдледуваат Прилеп и Струмица со по седум, во Тетово има шест, Куманово 4, по три нови случаи има во Струга, Охрид и Кочани, по два во Битола, Крива Паланка и Кичево и по еден случај е регистриран во Штип, Гостивар, Македонски Брод и Виница.
Сепак, и покра тоа што два дена по ред бројот на новозаразени е под сто, а има двојно повеќе оздравени, министерот за здравство Венко Филипче состојбата ја оцени како загрижувачка, бидејќи граѓаните не ги почитуваат мерките. Тој не исклучува повторно воведување рестрикции.
„Непочитувањето на мерките, семејните прослави, свадби кои се забранети и опуштањето на граѓаните во летниот период се главната причина за влошувањето на состојбата со епидемијата на Ковид и зголемениот број новозаболени пациенти и смртни случаи. Ќе ги засилиме мерките и контролите и апелирам да се разбере пораката дека ситуацијата е многу сериозна. Искрено се надевам дека нема да стигнеме до карантин, ниту пак до новите рестриктивни мерки и дека нема да се имплементираат. Но, анализите покажуваат дека мерките не се почитуваат на настаните на отворено“, изјави министерот Филипче.
Министерот најави и засилени контроли од страна на сите инспекторати бидејќи со непочитувањето на мерките се изложуваат на ризик другите граѓани.
„Коронавирусот може да биде фатален за секој од нас. Заради ова почнавме, а уште повеќе од следните денови ќе ги засилиме контролите. Сите инспекторати задолжени за спровеудвање на мерките интензивно ќе работат“, рече Филипче.
Тој потенцира дека е недозволиво покрај сите најави за сериозноста што го носи овој период да не се почитиваат мерките и во бизнисот, а посебно во угостителството.
Најавените мерки ќе се применуваат до колку трансмисијата на вирусот стане неконтролирана.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.867, бројката на оздравени пациенти е 14.084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.078.
Можеби ќе ве интересира: