Рускиот опозиционер Алексеј Навални излезе од болница

navalni

Рускиот опозиционер Алексеј Навални вчера излезе од болницата „Шарите“ во Берлин.

Zito akcija 640x289px

„Алексеј Навални вчера е отпуштен од интензивна нега. Навални се лекуваше 32 дена, од кои 24 на интензивна нега. Врз основа на прогресот и сегашната состојба на пациентот веруваме дека е можно целосно закрепнување“, објавија од клиниката на „Твитер“.

Agria

Навални се лекуваше откако му се слоши во авион во Сибир и беше пренесен во болница во Омск. На инсистирање на негов соработник, тој беше пренесен во германската болница, а според тамошните анализи, Навални бил отруен со нервен агенс новичок.

Навални важи за жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: