Се зголемува бројот на заразени од Ковид-19 во Хрватска, регистрирани нови 204 случаи во последните 24 часа

hrvatska
hrvatska

Расте бројот на заразени од Ковид-19 во Хрватска. Во последните 24 часа регистрирани се 204 нови случаи на коронавирус, две лица починале, а бројот на активни случаи е 1.268 лица.

Zito akcija 640x289px

278 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 27 се на апарати за дишење. Во последните 24 часа биле тестирани 6.387 примероци, а оздравеле 828 лица.

Agria

Во Хрватска во моментов има 3.314 лица во самоизолација, а до денес се тестирани вкупно 273.684 лица.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се 15.340 заболени, од кои 257 починале. Закрепнале 13.815 луѓе.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: