Реклама

Филмот „Стела“ дел од еден од најголемите светски фестивали за детски и тинејџерски филмови

Македонскиот филм „Стела“ ќе биде дел од платформата CINEKID Screening CLUB, која се организира во рамки на еден од трите најголемите светски фестивали за детски и тинејџерски филмови, CINEKID од Холандија. Оваа вест стигна веднаш по македонската и светска премиера на филмот, која во петокот се одржа во градскиот парк во Скопје.

Zito akcija 640x289px

Платформата CINEKID SCREENING CLUB претставува мрежа на филмски дистрибутери, телевизиски и фестивалски селектори и филмски професионалци од различни сфери, чија цел е претставување на моментално најдобрата светска филмска продукција наменета за детската и тинејџерската публика.

Agria
stela
Премиерата на „Стела“ се одржа во петокот, на отворањето на фестивалот „Синедејс“

Филмовите кои се одбрани да бидат понудени во овој CINEKID SCREENING CLUB ја имаат огромната можност полесно да стигнат до публиката низ целиот свет.

„Со ова македонскиот филм „Стела“ е по втор пат дел од CINEKID. На почетокот на реализацијата на нашиот проект, уште во времето на развојот на сценариото, „Стела“ беше селектиран филм за развој на сценарио на овој холандски фестивал, како единствен од Балканот, претставувајќи ја Македонија. На развојот на сценариото, со нашата сценаристка Ева Камчевска, работеше со менторот Миеке Де Јонг, една од најискусните сценаристки за деца со преку дваесеттина ТВ и филмски проекти за деца“, рече Огнен Антов, продуцент на филмот „Стела“.

Огнен Антов – продуцент на филмот

Македонскиот филм „Стела“, кој пред неколку денови го овтори годинашното издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“, е првиот македонски филм наменет за деца на возраст помеѓу 8 и 14 години. Режисер на филмот е Стојан Вујичиќ, а во него играат Петар Маниќ, Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамевски, Христина Поповиќ. „Стела“ е во продукција на „Дрим Фектори“ и е македонско-германско-српска копродукција.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/12874/video-kako-izgledashe-premierata-na-filmot-stela/