Реклама

Три нови случаи на коронавирус во Велес

testiranje Covid19 997x485

Тројца велешани позитивни на коронавирус, се регистрирани во последните 24 часа. Тие се дел од 183-те нови случаи во земјава во последното деноноќие. Во истиот период од ковид-19 починаа пет пациенти, а регистирани се 102 оздравени.

Zito akcija 640x289px

Ново жариште е Кочани, каде што за 24 часа се регистрирани 20 новозаразени. И денеска најголем број случаи доаѓаат од Скопје 51, во Прилеп има 15, во Тетово 13. Во останатите градови има едноцифрен број новооткриени. Во Куманово 7 и Струмица по седум, во Битола шест, во Делчево, Охрид и Кавадарци по пет, во Струга Крива Паланка и Виница по четири, Велес, Гевгелија, Берово, Валандово и Свети Николе по три, Пробиштип и Ресен по два и Штип еден случај.

Agria

Почина пациент од Скопје на 51 годишна возраст, пациент од Крива Паланка на 58-годишна возраст, 66-годишен кочанчанец, пациент од Дебар на 68 годишна возраст и 71-годишен пациент од Радовиш. Сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 179.404 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17049, бројката на оздравени пациенти е 14186, на починати е 710, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2153.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/12895/boshkoski-od-infektivna-podobar-sumchuvajte-se/