Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб, до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе достигне до 32 степени.
Утре времето ќе биде сончево, со мала, до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе започнат врнежи од дожд. Дневната температура ќе се движи во интервал од 22 до 32 степени.
Прогноза за сабота, недела и понеделник:
Под влијание на влажен бран во сабота ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер. Температурата значително ќе се намали.
Можеби ќе ве интересира: