Реклама

Фатиме Фетаи: Никола Груевски и Миле Јанакиески да бидат најстрого казнети

fatime fetai sud

Поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески да бидат најстрого казнети за да се одвратат сите други од такви намери во иднина, обвинителката Фатиме Фетаи, на денешното рочиште за случајот „Насилство во Центар“.

Zito akcija 640x289px

Фетаи пред да почне денешното рочиште кажа дека од обвинени се ослободуваат поранешната пратеничка Даниела Рангелова и уште двајца обвинети, а обвинети остануваат Никола Груевски, Миле Јанакиески, Александар Трајковски и уште неколкумина, кои се товарат за поттикнување на насилството на протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Agria

Фетаи рече дека „од снимените разговори се слуша како првообвинетиот Груевски на 1 јуни 2013 година телефонски од второобвинетиот Јанакиески побарал да се организира протест на поголема група луѓе пред Општина Центар“.

„Груевски заедно со Јанакиески преку лицето Томислав Лазаров ги поттикнале лицата за градоначалникот Андреј Жерновски да добие неколку шамари и биде исплашен од десетина лица на протест“, рече Фетаи.

Адвокатот на Никола Груевски во својот завршен збор истакна обвинителството во текот на судскиот процес не успеало да докаже одговорност за неговиот клиент и побара од судот да биде донесена ослободителна пресуда.

Еленко Миланов адвокат на обвинетиот Миле Јанакиески рече дека има против што јавниот обвинител денеска настапил со нов обвинителен акт.

Судијата Душко Јосифовски го одложи завршниот збор на второобвинетиот Миле Јанакиески за 28 септември, на барање на одбраната, која тврди дека со измените сега ова бил сосема поинаков обвинителен акт, иако Обвинителството смета дека нема суштински измени.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/12934/ke-ja-otkrie-li-lokalitetot-kale-tajnata-dali-tuka-e-napishana-glagoliczata/