Овој викенд продолжуваат натпреварите од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. ФФМ ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите.
Гоцевски Марјан од Струмица ќе ја дели правдата на на дуелот помеѓу Борец и Работнички, а ќе му помагаат Станковски Ѓорѓи исто од Струмица, и Саздовски Зоран од Штип.
На останатите натпревари кои се играат во недела, Стојчевски Игор ќе биде главен судија на натпреварот Пелистер– Шкендија. На националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, Ецкоски Марјан ќе биде главен судија на натпреварот помеѓу Вардар и Беласица.
Качевски Јован ќе застане на центарот во Џепчиште каде Ренова ќе ја пречека Македонија Ѓорче Петров, во Струга, Мечкаровски Димитар ќе биде задолжен за натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Шкупи, и Бартон Јосип ќе биде дел од дуелот Академија Пандев и Силекс.
Натпреварот во Велес се игра во сабота 26.09.2020, со почеток од 15 часот.
Можеби ќе ве интересира: