64-годишен велешаниц бил пронајден мртов во својот стан вчера. Полицијата околу 10 часот добила повик дека на улица „Славко Ѓорѓиев“ го пронашле телото на починатиот.
„На 24.09.2020 во СВР Велес било пријавено дека околу 10.00 часот на ул.„Славко Ѓоргиев“ во Велес, во својот стан бил пронајден починат С.А.(64). Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, без траги на насилство“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Можеби ќе ве интересира: