Реклама

Темелков: Сакаме да ја продолжиме добрата серија

FK Borec

Борец ќе биде домаќин на Работнички на отворањето на седмото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Натпреварот ќе се одигра денес, со почеток од 15:00 часот на Градскиот стадион во Велес.

Zito akcija 640x289px

Фаворитската улога за нијанса ќе биде на страна на домаќинот, кој сè уште чека на прва победа во меѓусебните дуели со денешниот противник. Велешани играат одлично во новата сезона и се наоѓаат среде победничка серија која гласи два триумфи во низа. Тоа ги прави опасен ривал за секоја екипа, особено кога играат на домашен терен. Во таборот на домашните се оптимисти, но и претпазливи пред денешниот дуел.

Agria
Ангел Темелков – помошник тренер на Борец

„Денес играме против добро организиран и квалитетен тим кој има големо фудбалско реноме во македонски рамки. На последниот натпревар одиграа нерешено со Струга Трум Љум, но на последните пет натпревари немаат пораз и многу добро знаат да одиграат добро во гости и да дојдат до позитивен резултат. Ние добро се познаваме, направивме видео анализа и ги знаеме добро нивните добри и лоши страни. Спремни сме, сите играчи конкурираат за првиот тим, мотивирани сме, сакаме да ја продолжиме добрата серија, да ја потврдиме добрата игра од Кратово и ќе се обидеме да им ја наметнеме нашата игра и доколку успееме во тоа, резултатот ќе биде во наша полза“, рече Ангел Темелков, помошник тренер на Борец.

Повратникот во редовите на Борец Оливер Пеев, кој лани токму од Работнички дојде во редовите на Борец, поради повреда, на последните два натпревари играше малку, односно беше повреден и влезе во игра единствено на мечот во Кратово. Сепак, за денешниот дуел против неговиот поранешен клуб, ветува жестока борба за трите бода.

„Меѓусебните дуели кажуваат многу за натпреварите меѓу Борец и Работнички, но и дека лигата е многу изедначена по квалитет и нема слаб противник. Наша цел е како и на секој натпревар, посебно на домашен терен, да одиме на победа и нашите мисли се да останеме во горниот дел на табелата“, рече Оливер Пеев, играчот од средниот ред на Борец.

Oliver Peev :: Oliver Peev :: PS Kalamata
Оливер Пеев – ФК Борец

„Романтичарите“ немаат пораз на последните пет меча во низа и тоа сакаат да продолжи на денешното гостување. Обложувалниците ги сметаат за аутсајдери, иако имаат две победи во четирите меѓусебни соочувања со Борец. Сепак, местото на табелата им дава мала предност на фудбалерите предводени од Горазд Михајлов.

Последни меѓусебни натпревари:
Работнички – Борец 1-0
Борец – Работнички 2-2
Работнички – Борец 2-1
Борец – Работнички 1-1

Главен судија на денешниот натпревар во Велес ќе биде Марјан Гоцевски од Струмица. 

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13005/video-amazon-pretstavi-domashen-dron-ke-gleda-dali-ste-ja-iskluchile-peglata-shporetot-i-ke-detektira-kradecz/