Реклама

Завршија Рациновите средби

Томислав Османли е добитник на „Рациновото признание“ за 2020 за прозното остварување „Парадоксикон“ на манифестацијата „Рацинови средби“ што заврши синоќа во Велес.

Zito akcija 640x289px

„Се чувствувам почестен од доделувањето на угледната награда, особено што мојата книга ја привилегира жири на истакнати уметници и културни дејци. Почестен сум што станав носител на нашeтo врвно литературно признание кое се доделува, еве безмалку шест децении, а го носи светлото име на Коста Солев – Рацин, еден од мугрените предвесници на современата македонска литература и, безостатно и несомнено, на идејата на современата македонска демократска државност уште од времињата кога таа се војувала саможртвено, со највисоки идеали, со борба, со крв, со мечта и со песна. На Рацин со кој се гордее и кого не прекинува високо да го чествува овој достоинствен град и неговата доблесна Управа, која привилегира литературата и – во овие ненаклонети времиња – високо ја претпочита културата“, изјави добитникот на Рациновото признание Томислав Османли.

Agria

Заблагодарувајќи се од името на проф д-р Виктор Фридман и проф д-р Јоуко Линдстед, добитници на Почесното рациново признание за 2020, проф. Људмил Спасов истакна дека во лицето на овие двајца професори кои долги гоини наназад, надвор од нашите граници во светот го презентираат македонскиот јазик, литература и култура, тој  гледа и дека тие затоа се  големи и искрени и секогаш пријатели  на нашата земја.

„Македонци да го поздравуваме и чествуваме Виктор Фридман и Јоуко Линстед“, потенцира Људмил Спасов.

На првиот ден од манифестацијата се одржа традиционалниот меѓународен поетски митинг, на кој поетите од странство преку видео, рецитираа свои песни, а заврши со концерт на групата „Синтезис“.

Програмата на свеченото затворање на Рациновите средби беше збогатена со поетската изведба „Рацин во фрагмент“ во изведба на актери од велешкиот театар. На крај програмата заврши со концерт на класична музика во изведба на Градскиот камерен оркестар.

Во продолжение можете да го погледнете видеото од свеченото затворањето на 57. Рацинови средби, а на фан пејџот на Батали.нет, можете да го погледнете и видеото од отворањето на манифестацијата.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13063/filipche-razgovarame-site-vo-regionot-vo-eden-moment-da-gi-otvorime-graniczite-bez-psr-testovi/