Реклама

Филипче: Разговараме сите во регионот во еден момент да ги отвориме границите без PSR тестови

venko filipce

Сите во регионот разговараме во еден момент заедно да ги отвориме границите со една изедначена политика во однос на PSR тестовите. Идејата е да се отворат границите без PSR тестови, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче во врска со тоа дали македонските граѓани ќе можат да излезат од границите во регионот.

Zito akcija 640x289px

„Земјите-членки на ЕУ имаат само препорака, немаат генерална политика на ЕУ по ова прашање и во таа смисла имаат слобода да одлучуваат каков ќе биде режимот на границите. Точно е дека најавивме во неколку наврати претходните недели дека ќе имаме некаква одлука, но за жал го чекавме одговорот од соседните земји. Конечно одговорија во текот на изминатата недела, профункционира системот на координација, кој сега е поддржан од Американската амбасада во Скопје. Искрено се надевам дека дефинитивно ќе се разменат сите информации и врз основа на тоа што значи точна епидемиолошка ситуација во секоја од земјите од Западен Балкан плус Бугарија и Грција, ќе заземеме заеднички став“, рече Филипче.

Agria

Филипче во врска со синоќешниот културен настан „Бела ноќ“ посочи дека нивните информации се дека мерките се почитувале во рамките на организацијата, односно гостите седеле согласно порепораките и столчињата биле на соодветна дистанца, но мерките не се почитувале надвор од организираниот простор. Токму затоа најави можно воведување на целосна забрана за настани, доколку ваквата пракса на непочитување на мерките продолжи и во иднина.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13047/pronajdena-droga-kaj-chetvoricza-gosti-vo-veleshki-lokal/