Реклама

Вкупно 31 мерка во вредност од 470 милиони евра изнесува четвртиот пакет економски мерки

Вкупно 31 мерка во вредност од 470 милиони евра изнесува четвртиот пакет економски мерки со кои Владата ќе им помогне на граѓаните, вработените и на стопанството за да се надминат последиците од кризата предизвикана од коронавирусот.

Zito akcija 640x289px

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција соопшти дека продолжува помошта за фирмите за исплата на плати за последите три месеци од годинава како и мерката за издавање на платежна картичка за поголема потрошувачка во износ од 6.000 денари. Неа ќе може да ја користат самохрани родители, студенти, пензионери со пензии до 15.000 денари, пасивни баратели на работа, самостојни уметници но и граѓаните над 64 години кои немаат пензија, а се со приходи пониски од 15.000 денари или воопшто немаат приходи. 

Agria

Меѓу пакетот мерки се и оние од сферата на даночната политика. Како што најави Заев ќе се зголеми грејс периодот на бескаматните кредити од Ковид 1 линијата во траење од три месеци, ќе бидат обезбедени пари за плати за туристичките водичи, помоѓ за туристичите агенции како и поддршка за туризмот преку враќање на туристичката такса за 2019 година во износ од два милиони евра.

Поддршка е предвидена и за угостителските објекти за организирање свадби, игротеките, уметниците, сметководителите, транспортерите и земјоделците. 

Освен ова премиерот најави и погодности за фирмите како што е одложување на отплата на кредити, но и нова кредитна линија од 100 милиони евра евтини кредити. Заев за 10, 11 и 12 октомври го најави и викедот без ДДВ.

Оваа мерка предвидува дека на корисниците на апликацијата Мој ДДВ, кои за време на овој празничен викенд ќе купат домаши производи и услуги како и компјутери и друга информатичко-технолошка опрема до најмногу 30.000 денари по човек пединец ќе им биде вратен целиот износ на ДДВ.

Според Заев, парите за четвртиот пакет економски мерки ќе бидат обезбедени со кратења на расходите на Буџетот, но и од задолжување на државата кај меѓународните финансиски институции.

Извор: телевизија 24

Можеби ќе ве интересира: