(ВИДЕО) За една вечер во велешкото село Раштани угинаа 50-тина овци во сопственост на семејството Јованови

Ovca
Ovca

Кога во вторникот утрото 66-годишниот сточар Трајче Јованов од велешкото село Раштани влегол во трлото, имал што да види. Како покосени, овци паѓале и угинувале пред неговите нозе. Мистериозната смрт на стоката не можел да си ја објасни.

Zito akcija 640x289px

Во текот на ноќта, а потоа и во вторникот цел ден овци му угинале пред очи. Јованов, кој цел живот е сточар, вели дека видел стока да умира од прејаденот или болест, но вакво нешто нема видено никогаш досега.

Agria

Јованов се сомнева дека некој на пасиште фрлил отров и му ги отрул овците. Вели дека тој и неговото семејство се трн во око на многумина во селото. Раскажува како пред повеќе од 10 години, додека работеле со механизација, на него и на неговите два сина било пукано од автоматска пушка, а сторителот никогаш не бил пронајден. Сепак, вели дека ќе го почека извештајот од ветеринарниот инспекторат, пред да впери прст во некого.

Во меѓувреме, Трајче Јованов и неговото семејство, чие стадо овци брои 500 грла и на кое земјоделието им е едиствена егзистенција, ја брои штетата од угинувањето на стоката, за која вели дека изнесува преку 10 илјади евра.

Извор: televizija 24

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: