Реклама

ОБНОВЕНО: 16 припадници на Армијата повредени во сообраќајна незгода

Soobrajka Stip Radovis

Комби и автобус се судрија кај 8-ми километар кај Штип. Во автобусот се превезувале 16 припадници на АРМ, кои со автобусот од повеќе градови патувале на работните места во Штип и  Скопје. Со повеќе амбулатни возила во штипската болница, заедно со возачите на автобусот и комбите,  се донесени 17 повредени. Од болницата велат дека не се констатирани тешки повреди, најчесто  се набиеници и скршеници. Со соопштение се јави и МО во кое се вели дека автобусот што се преврте странично бил технички исправен. 

Zito akcija 640x289px

„Автобусот од типот “Сетра” во сопственост на фирмата “Тритерол” од Струмица која го реализира организираниот транспорт на наведената релација, има потврда за исполнување на потребните технички услови за превоз на патници“, се вели во соопштението на МО.

Agria

Увид на место на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и МВР, а на лице место излегол  и тим од воената полиција. Припадниците на Армијата по извршените прегледи ќе постапуваат согласно со дадените препораки од лекарите. Како и што довело до несреќата ќе покаже увидот поради сообраќајката патот Штип Радовиш утринава беше во прекин, а возилата се пренасоуваа по новиот експресен пат.

Mожеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13189/naskoro-ke-bidat-dostapni-brzi-testovi-za-kovid-19/