Реклама

Екс премиерот Никола Груевски доби 1,5 затвор, условна казна за Миле Јанакиески

Gruevski i Janakievski

За поттикнување на насилтво во случајот „Шамарите во општина Центар“ поранешниот премиер Никола Груевски доби година и пол затвор, а второобвинетиот Миле Јанакиески првостепено е осуден на условна казна од една година затвор, ако во наредните 4 години направи друго кривично дело насилство. за поттикнување на насилтво.

Zito akcija 640x289px

Условни казни добија и останатите пет обвинети, кои обвинителството ги гонеше како извршители на насилствата. Александар Трајковски, Дарко Стојчевски и Трајче Петковски добија условна казна од девет месеци, додека Даниел Трипуновски и Игор Бошковски добија шест месеци условна казна. Пресудата ја донесе судијата Душан Јосифов.

Agria

Одбраната на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски не е задоволна од пресудата затоа што во завршните зборови бараа ослободителна пресуда.

„Мојот клиент не е виновен, не ги сторил дејствијата кои му се ставаат на товар и тоа значи дека најверојатно ќе пишуваме жалба“ вели адвокатот на Јанакиески Еленко Миланов.

По пресудата Обвинителката Фатиме Фетаи изјави дека не е задоволна од пресудите и најави дека ќе се жали затоа што смета дека освен казна затвор не треба да биде доделено ништо друго.

„Сите измени во обвинението се направени врз основа на исказите и доказите кои беа презентирани во судот. СЈО и кое било друго овластувања ги завршува кога во судница ќе ги докаже обвиненијата. Нашата работа во првостепената постапка завршува тука“, вели Фетаи.

Обвинителството на минатото рочиште се откажа од гонење за лицата Даниела Рангелова, Милан Андоновски и Борче Богдановски.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13197/veleshanka-siluvana-vo-veleshki-hotel-i-na-babuna/