Во „Куќа на фудбалот“ се оддржа извлекување за 1/8 финалните натпревари од Купот на Македонија. Во оваа фаза од најмасовното натпреварување влегоа и екипите на Шкендија, Академија Пандев, Брегалница иСтруга Трим Љум (ослободени во првото коло), а ждребката донесе неколку интересни пресметки:
Академија Пандев – Вардар
Македонија Ѓ.П. – Каменица Саса
Шкендија – Гостивар
Шкупи – Кит Го
Кожуф – Силекс
Струга Трим Љум – Работнички
Брегалница – Беласица
Ренова – Пелистер
1/8 финалните дуели ќе се одиграат на 21. октомври, а 1/4 финалните пресметки на 25. ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7. април, а мечот за трофејот на 19. мај.
Mожеби ќе ве интересира: