Главната медицинска сестра на Инфективна и две други колешки дале отказ

Infektivna klinika Skopje naslovna
Infektivna klinika Skopje naslovna

Главната медицинска сестра и две други дале отказ од ИНфективната клиника, објави вечерва на Фејсбук докторот Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

Zito akcija 640x289px

„Барам да ми го прифатите отказот од работа со претходна најава од месец дена во кој ќе го искористам годишниот одмор од 2019 и 2020 година“, пишува во барањето кое до Управата го доставила главната сестра на Инфективната клиника во Скопје, која 28 години работела на оваа клиника.

Agria

„Главната сестра на Инфективна клиника, и уште 2 одделенски сестри даваат отказ во еден акт. Причините ќе оставам да ги кажат надлежните, сестрите си кажале, ова е сериозна загуба за системот во многу лошо време“, пишува Лазаров на Фејсбук.

Тој објави и документите од неговите колешки кои се жалат дека нивната работа е непочитувана, иако претставува најважна алка во медицинскиот тим.

„Причините за да ја напуштам Клиниката по 28 години, професионална посветеност се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра како една од најважната алка во медицинскиот тим“, пишува во барањето на главната медицинска сестра.

Преземено од libertas.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: