54-годишен велешанец почина од ковид-19, а нови пет случаи на заразени со коронавирус се регистрирани во последното деноноќие. Починатиот велешанец е седумнаесеттата жртва на ковид-19 во овој град од почетокот на епидемијата.
Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани нови 194 позитивни случаи на коронавирус. Најмногу случаи има во Скопје 77, а со двоцифрена бројка е и Прилеп со 11, Тетово со 16 и Кочани со 10 нови позитивни случаи на Ковид 19. Состојбата по градови изгледа вака:
Скопје 77 -Куманово 9 -Дебар 3-Штип 5 -Прилеп 11 -Тетово 16 -Струга 3 -Велес 5 -Битола 6 -Охрид 2-Кавадарци 3 -Гостивар 5 -Гевгелија 1 -Струмица 9 -Крива Паланка 3 -Радовиш 6-Кочани 10 -Пробиштип 3-Берово 1 -Валандово 3 -Виница 3 -Делчево 2 -Свети Николе 5 -Кичево 2 -Неготино 1.
Покрај велешанецот, почина и 80-годишен пациент од Прилеп и двајцата во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 158 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17977, бројката на оздравени пациенти е 14959, на починати е 739, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2279.
Можеби ќе ве интересира: