Сите онлајн, само во Иванковци во училница

ucilnica

Почна новата школска година. За прв пат во поновата историја, таа ќе се одвива во услови на светска пандемија. Учениците денеска се во училишните клупи, но од утре, наставата за поголемиот дел од нив ќе се одвива онлајн.

Zito akcija 640x289px

На првиот училишен ден, основците и средношколците одржуваат класен час со своите класни раководители во училниците. Целта е да се запознаат со новиот начин на настава во услови на корона-криза.

Agria

Од утре, пак, најголемиот дел од учениците наставата ќе ја следат од дома, преку своите компјутери. Ова не важи за учениците од прво до трето одделение, кои се исклучок од наставата на далечина. Физичка настава ќе се одржува и во некои училишта во земјава, во кои има услови за тоа и за кои Владата даде одобрување.

Такво одобрување во Велес добија само училиштата од руралните средини.

„Училиштата ги почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести и се подготвени да ги пречекаат учениците во училишните клупи. Вратите на централното и подрачните училиштата во ООУ „Стојан Бурчевски – Буридан“ од село Иванковци ќе бидат отворени за сите ученици од прво до деветто одделение. Исто така, физичка настава ќе посетуваат и учениците во сите подрачни општински училишта во руралните средини, затоа што бројот на ученици во една паралелка е мал и просторните услови го дозволуваат тоа“, велат од Општина Велес.

Физичка настава ќе посетуваат и учениците од прво до трето одделение во сите општински училишта, додека за останатите ученици од четврто до деветто одделение важат правилата за онлајн настава. Настава на далечина ќе имаат и сите средношколци од четирите средни училишта во градот. Од општината велат дека само практичната и феријалната настава, средношколците ќе ја посетуваат во рамките на училиштето.

Министерството за образование деновиве имаше многу проблеми при тестирањето на онлајн платформата за учење на далечина, која постојано паѓаше. Поради компјутерските перформанси кои ги изискува платформата, проблеми се појавија и со набавка на опрема, а проценките се дека поради ова, еден дел од учениците во земјава нема да можат да ја следат наставата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: