Главниот српски епидемиолог: До јуни имаше три пати повеќе мртви од што беше пријавено

srbija korona

Српскиот епидемиолог Предраг Кон призна дека до јуни во Србија имало дури три пати повеќе смртни случаи поврзани со коронавирусот од официјално пријавеното.

Zito akcija 640x289px

„Смртните случаи не можат прецизно да се искажат, за тоа веќе објаснував, ако не помине одреден период. Дури за два месеци се враќаат назад податоците кои се впишани во таканаречената потврда за смртта. Потврдата е дел од образецот во согласност со законот“, кажа доктор Предраг Кон.

Agria

Според наводите на БИРН, во Србија од 19 март до 1 јуни од коронавирусот умреле 632 пациенти. Тоа е за 388 повеќе од официјалната бројка која изнесува 244.

Кон сега вели дека до јуни имало три пати повеќе умрени од што било пријавено.

„До јуни имаше три пати повеќе смртни случаи отколку што беше писмено пријавено“, изјави Кон за српска Нова.

„Ние за првпат користиме еден информатички систем. Тој во еден момент не беше доволно прецизен и – не можам да тврдам зошто – некаде од средината на јуни тој не беше прецизен. Ние никогаш не сме работеле според тој систем, никогаш досега не сме имале таков надзор. Инаку имаме нешто сосема поинакво, нешто што редовно функционира“, кажа Кон додавајќи дека тоа сега не било возможно поради масовноста.

Преземено од mkd.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: