Одложен првиот натпревар од Серија А поради коронавирусот, Горан Пандев дополнително одморен за натпреварот со Косово

Serija A logo
Serija A logo

Челните луѓе на Серија А излезе со официјално соопштение за натпреварот кој требаше да се одигра овој викенд на 3-ти октомври, на екипите помеѓу Џенова и Торино во рамките од третото коло од италијанската лига.

Zito akcija 640x289px

Од таму информираа дека оваа средба нема да се одигра, бидејќи Џенова пријави дури 14 позитивни случаи на Ковид-19 во својот табор, од кои поголемиот дел се фудбалери од првиот тим.

Agria

Екипата во која настапува и нашиот Горан Пандев ја предизвика првата Ковид криза во Италија по гостувањето кое го имаше против екипата на Наполи во Неапол, но истата нема да ја прекине сезоната во Серија А, која отсега ќе почне да го применува правилото на УЕФА.

Италијанските клубови имаат можност да побараат едно одложување на натпревар, доколку имаат најмалку 10 позитивни случаи на Ковид-19.

Ова значи дека нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев има дополнително ќе биде одморен пред еден од најважните натпревари во неговата кариера, за натпеварот од Лигата на нации во кој нашата репрезентација игра во полуфиналето против репрезентацијата на Косово. Натпреварот се игра за една недела, во Скопје.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: