Крумислав Ѓорѓиев ќе ја дели правдата на натпреварот помеѓу Шкупи и Борец

Krumislav Gorgiev sudija
Krumislav Gorgiev sudija

Во пресрет на втората репрезентативна пауза прволигашите ги чека уште едно коло, осмо во сезоната на Првата македонска фудбалска лига. 

Zito akcija 640x289px

Борец овој викенд гостува во Скопје, кај второпласираниот Шкупи. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги делегираше судиите и официјалните лица за претстојното коло. Главен судија на напреварот ќе биде Крумислав Ѓорѓиев, а помошници ќе му бидат Никола Караколев и Кристијан Џонов, сите од Штип.

Agria

На останатите натпревари , Константин Влахо ќе биде главен судија на натпреварот Шкендија – Силекс. Во Скопје, Боби Величковски ќе биде главен судија на натпреварот помеѓу Работнички и Академија Пандев.

Александар Грујоски ќе застане на центарот во Ѓорче Петров каде Македонија Ѓорче Петров ќе ја пречека Струга. Во Струмица, Ндерим Тефику ќе биде задолжен за натпреварот меѓу Беласица и Ренова. На единствениот натпревар кој се игра во недела, Александар Ставрев ќе биде делител на правдата во Битола на вечното дерби помеѓу Пелистер и Вардар.

Сите натпревари започнуваат во 15 часот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: