Реклама

Филипче: Од ноември може да се дозволи физичко присуство и на други одделенија

Venko-Filipce

Венко Филипче, актуелниот министер за здравство во вчерашното гостувањето на телевизија Сител, најави дека во месец ноември може да се дозволи физичко присуство во училиштата и на други одделенија, но под услов епидемиолошката состојба да остане стабилна.

Zito akcija 640x289px

„Сега на почетокот на октомври важно е да има што помал број на деца во затворена просторија, а доколку епидемилошката состојба остане стабилна тогаш во месец ноемвври ќе дозволиме уште некои одделенија да бидат со физичко присуство“ рече Венко Филипче.

Agria

Филипче најави и дека со помош на светска банка ќе набават најсовремени тестови за Ковид-19, кои даваат резултат за 15 минути.

„Со помош на Светска банка ќе набавиме најсовремени тестови кои се ултра брзи и кои ќе бидат дистрибуирани во болниците, во критичните места во здравствените домови, како и кај матичните лекари, според потребата и индикацијата. Станува збор за тестови кои се готови и даваат резултати за 15. минути, наспроти сега најбрзите 45 до 50 минути или процес од неколку часа. Се повеќе напреднува технологијата во оваа сфера и тоа е нешто што значајно ќе ја смени сликата и достапноста до тестовите“, рече министерот Венко Филипче на вчерашното гостување на телевизија Сител.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13345/odlozhen-prviot-natprevar-od-serija-a-poradi-koronavirusot-goran-pandev-dopolnitelno-odmoren-za-natprevarot-so-kosovo/