Реклама

Со лесни повреди мина велешанецот од синоќешната сообраќајка во населба „Тунел“

Лесни и површински се повредите на 36-годишниот велешанец, кој синоќа, околу 20:20 часот, кај игралиштето во населба „Тунел“ имаше сообраќајна несреќа, кога возејќи се со мотор, автомобил му го пресекол патот. Од велешката болница велат дека откако му се обработени раните, тој е пуштен дома.

Zito akcija 640x289px

„Повредениот кој синоќа беше донесен на хирушкото одделение во велешката болница имаше површински повреди на лицето и главата, по што, откако раните се обработени, тој беше пуштен на домашно лекување“, рече др. Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.

Agria

Вчерашната сообраќајка е втора во која е повреден мотоциклист во Велес неделава. Пред три дена 32-годишен велешанец со мотор удри во автомобил на улица „Благој Ѓорев“, во близина на бутик „Бос“. Тој се здоби со потешки повреди на главата и поради сериозноста на повредите, беше префрлен на скопските клиники.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13372/povtorno-soobrakajka-vo-veles-motordhija-povreden-vecherva-otkako-avtomobil-mu-go-presekol-patot/