Реклама

Ахмети им избега на медиумите, нема детали од исказот за пропаднатиот попис

522365-ahmeti-ja-pozdravi-odlukata-za-zaednichka-lista-na-albanskite-partii

Иако исказот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во Обвинителството за организиран криминал и корупција беше првично закажан во 10 часот, тој на свое барање во просториите на Обвинителството се појавил во осум часот изутрина и веќе го напуштил објектот.

Zito akcija 640x289px

Во ОЈО тој беше повикан поради случајот за пропаднатиот попис од 2011-тата година, а според истрагата, отпочната од тогашното СЈО, Али Ахмети и Никола Грувски го оштетиле буџетот за 2,8 милиони евра. Сега случајот „Попис“ е дел од предметите кои преминаа во рацете на Обвинителството за организиран криминал и корупција, предводено од Вилма Русковска.

Agria

Делото беше презентирано во јавноста во март 2018 од страна на обвинителката Фатиме Фетаи, а ова е единственото дело каде осомничен е лидерот на ДУИ.

„Иако биле свесни дека ќе настапат штетни последици, лицата пристапиле кон спроведување на пописот. Кога виделе дека немаат капацитет да ги сокријат демографските факти за земјата, тие, со цел да избегнат одговорност, се договориле да претстават дека причините за стопирање на пописот се од техничка природа“, рече тогаш Фетаи, додавајќи дека доколку пописот бил одложен, а не прекинат, немало залудно да бидат потрошени парите.

СЈО ги сомничеше дека ја злоупотребиле својата службена положба и како претседатели на партии и коалициони партнери се согласиле да се прекине пописот. Обвинителката Фатиме Фетаи нагласи дека тие ја искористиле својата положба и за да ги сокријат неповолните факти за демографската структура на населението.

Преземено од slobodenpecat.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13405/so-novi-protokoli-se-otvoraat-igrotekite-bezbedni-za-deczata/