Реклама

Нов рекорд на заразени, Филипче на состанок со Комисијата за заразни болести

venko filipce

Нов неславен рекорд по бројот на заразени со коронавирус е регистриран во последниото деноноќие во земјава. Вкупно 225 нови случаи се регистрирани, откако се направени 1694 тестирања.

Zito akcija 640x289px

Во Велес има петмина новозаразени, но и двајца оздравени. Во последните 24 часа починаа шест пшациенти, тројца од Скопје на возраст од 63, 71 и 83 години, еден пациент од Прилеп на 78 годишна возраст, 63-годишен пациент од Тетово и пациент од Битола на возраст од 59 години.

Agria

И денеска најмногу заразени доаѓаат од Скопје – 96, а двоцифрен брјот на новоинфицирани има и во Тетово 15, Кочани 17, Струмица 11 и Берово 10. Во Куманово, Битола и Прилеп има по осум нови случаи, во Штип и Крива Паланка по седум, во Кавадарци и Свети Николе по шест, во Велес пет, во Кичево четири, во Струга и Валандово по три, по вда нови случаи има во Охрид и Делчево и по еден новозаразен им во Гевгелија, Радовиш, Пехчево, Виница и Кратово.

Поради денешниот висок број на заразени, министерот за здравство Венко Филипче свика состанок со членовите на Комисијата за заразени болести.

„Во моментов имам консултативна средба со членовите на Комисијата за заразни болести, ја анализираме актуелната епидемиолошка состојба и зголемениот број на нови случаи со ковид-19. Повеќе информации по завршување на средбата“, изјави Филипче.

Досега во земјата се направени вкупно 191.821 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18363, бројката на оздравени пациенти е 15164, на починати е 749, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2450.

Можеби ќе ве итнересира:

https://batali.net/13405/so-novi-protokoli-se-otvoraat-igrotekite-bezbedni-za-deczata/