Реклама

Филипче: По детална епидемиолошка анализа ќе одлучиме какви мерки ќе се применат

venko-filipce

По детална анализа на епидемиолошките податоци ќе се одлучи која мерка за заштита од ширењето на новиот коронавирус ќе биде применета.

Zito akcija 640x289px

Ова е одлуката од денешната консултативна средба меѓу министерот за здравство, Венко Филипче и Комисијата за заразни болести.

Agria

Договорено е да се анализираат епидемиолошките податоци за да се утврди точно начинот на трансмисија на вирусот во повеќе општини, односно градови во државата.

„Врз основа на тоа ќе заземеме став дали се потребни некакви мерки кои што би ги препорачале понатаму до Владата. Уште еднаш апелирам до сите граѓани да се почитуваат мерки. Очигледно дека сме пред почеток на една новонастаната есенска ситуација, којашто ја очекувавме. Ќе има дополнителни мерки доколку има зголемен број на заразени. Но, точната анализа на епидемиолошките прашалници ќе ни укаже на тоа која од мерките треба да ја препорачаме и во кој временски период“, изјави Филипче.

Дали уште неделава е возможно да се вратат некои од мерките или да се преземат дополнителни со цел спречување на ширењето на ковид-19, како намалување на времето на работа на угостителските објекти или ограничување на бројот на маси, Филипче дека дека тоа ќе зависи од податоците коишто ќе произлезат од анализите.

„Има уште неколку мерки коишто ги најавивме, но сакаме да се точно димензионирани и да ги препорачаме според оние податоци коишто ќе ги добиеме. Денеска и утре, во текот на викендов ќе работиме, па ќе излеземе со соодветни препораки“, вели Филипче.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13412/nov-rekord-na-zarazeni-filipche-na-sostanok-so-komisijata-za-zarazni-bolesti/