ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ: Борба за Пандев за дуелот со Косово!!!

Goran Pandev
goran-pandev

Дали Горан Пандев ќе игра за Македонија на 8 октомври против Косово? Е, тоа ќе го дознаеме по се изгледа најверојатно во текот на утрешниот ден. Инаку, како што дознава порталот СПОРТМЕДИА, се прават натчовечки напори, тука во „игра“ се сите оние кои можат да помогнат, па дури и амбасади, конзулати, фудбалски федерации. Се со една цел, нашиот капитен, нашиот најдобар фудбалер да може да ги предводи своите соиграчи на историскиот дуел со Косово.

Zito akcija 640x289px

„Има проблем, има голем проблем. Се прават напори, сакам да играм за Македонија, сакам да дојдам, тука нема збор, но ќе видиме како ќе се одвиваат работите“ изјави за СПОРТМЕДИА Горан Пандев.

Agria

Инаку проблемот е во тоа што Џенова, клубот на Пандев е жариште на коронавирусот. Најмалку 15 лица се заразени, но за среќа нашиот капитен е негативен, но по наредба на градските и државните лекарски власти, сите во клубот се во карантин. И не смеат да го напуштат, не смеат ниту да патуваат. Значи ова не е забрана од клубот, туку од властите во Италија.

Милан Бадељ не беше пуштен, соиграчот на Пандев, да ја напушти Џенова и да замине во Хрватска каде што беше повикан од селекторот Златко Далиќ.

Сепак да се надеваме дека ситуација со Пандев ќе биде сосема поинаква, иако се чини не треба да бидеме преголеми оптимисти.

Преземено од sportmedia.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: