Нов рекорд, 243 нови случаи на ковид-19 во Македонија

Korona Makedonija
Korona Makedonija

Во последните 24 часа Министерството за здравство регистрира 243 нови позитивни случаи на коронавирус. Од нив три се регистрирани во Велес.

Zito akcija 640x289px

Најмногу има во Скопје 98, а со двоцифрена бројка на новозаразени се и Куманово и Кочани 11, Прилеп и Свети Николе 12, Струмица 21. Еве ја цсостојбато по градови:

Agria

– Скопје 98- Куманово 11- Штип 7- Прилеп 12- Тетово 2- Струга 9- Велес 3- Битола 5- Охрид 5- Кавадарци 4- Гостивар 5- Гевгелија 5- Струмица 21- Крива Паланка 2- Радовиш 9- Кочани 11- Пробиштип 1- Демир Хисар 1- Берово 9- Валандово 4- Виница 2- Делчево 2- Свети Николе 12- Кичево 1- Неготино 2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 100 оздравени пациенти, починати се 4 лица, пациент од Прилеп (65г.), од Битола (82г.), и двајца од Куманово (72 и 80г.). Три пациенти се починати во болница, еден вон болнички.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18602, бројката на оздравени пациенти е 15264, на починати е 753, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2585.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: