Борец не успеа да ја продолжи успешната серија без пораз, која траеше четири првенствени меча. Попладнево загуби на стадионот во скопски Чаир од Шкупи со убедливи 3:0, со двата гола на Дарбо и еден на Адеми.
Во првото полувреме Шкупи имаше минимална иницијатива и создаде неколку изгледни прилики за гол, но погодок немаше. Во тој период од играта, Борец на моменти воспоставуваше теренска рамннотежа, но употреблива топка за гостинските напаѓачи немаше. Единствената закана кон голот на Шкупи беше во 25 минута, кога ударот на Прелчец од слободен удар откосо, голманот Наумовски со крајни напори успеа да го одбрани.
И второто полувреме почна слично како што заврши првото. Во 51 минута судијата Крумислав Ѓорѓиев од Штип досуди пенал за Шкупи, по една сомнителна ситуација на работ од шеснаесетникот на Борец, кога Ефтимов стартуваше над Костариканецот Алварез. Сепак, се чини дека прекршокот почна надвор од шестаесетникот, но Алварез падна во казнениот простор, а судијата Ѓорѓиев без двоумење покажа на белата точка. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Дарбо, со што го доведе Шкупи во водство од 1:0.
По водството на домашните, Борец тргна поофанзивно кон голот на Наумовски, но не создаде посериозна шанса за гол. По еден одбиен напад на гостите, чаирчани тргнаа во противнапад, после кој ја удвоија предноста. Имено, во 71 минута судијата Ѓорѓиев, овој пат оправдано, досуди уште еден пенал за Шкупи. Дарбо влезе во казнетиот простор на Борец, центрираше до Фарсак на спротивната страна, а Филип Ристовски непрописно стартуваше на него, по што судијата Ѓорѓиев покажа на белата точка. И вториот пат сигурен реализатор беше Дарбо.
По вториот гол на Шкупи, гостите продолжија со нападите, но на напаѓачите на Борец им недостасуваше концентрација во завршниот момент. Тренерот Горазд Михајлов фрли се на една карта – нападот, откако го повлече Силва, а на негово место во игра го внесе Станковски. Но, ризикот не се исплатеше за гостите, бидејќи во 83 минута веќе беше 3:0. Кривањева се проби по левата страна, центрираше ниска топка до Адеми, кој лесно го совлада Мустафа.
Без разлика на поразот, Борец остана на четвртото место на табелата, бидејќи неговите конкуренти не успеаја да победат и да го престигнат на табелата. Резултати од другите натпревари денеска:
Беласица – Ренова 1:1
Македонија Ѓ.П. Струга Трим Љум 2:0
Работнички – Академија Пандев 0:0
Шкендија – Силекс 1:1
Пелистер – Вардар (утре)
Табела:
Можеби ќе ве интересира: