Тројца алпинисти и денеска висеа на карпата наречена Цуцка, на јужниот дел на Велес. Но, не за да рекреираат, туку за да ја завршат работата на санацијата на свлечиштето, кое се појави тука пред две ипол години.
Ја поставуваа и затегнуваа заштитната мрежа, која, така како што е поставена, нема да дозволи ниту едно парче карпа да падне на коловозот или на железничката пруга. За десет дена повторно ќе може да се вози по стариот пат Велес – Градско. Градежните работи траат неполни осум месеци, а за санацијата државата потроши еден милион евра, пари од буџетот на Јавното претпријатие за патишта.
Како се одвива финишот на санацијата, денеска во Велес дојде да се увери министертот за транспорт Благој Бочварски лично. Вели дека овој начин на санација на свлечиште покрај пат е за прв пат применет во земјава.
Министерот Бочварски вети дека откако оваа делница ќе биде завршена и асфалтирана, државата ќе почне постапка за рехабилитација на стариот пат Велес – Градско. Санацијата на карпата Цуцка ќе заврши неколку недели пред рокот. Градежните работи почнаа две години по големиот одрон во мартр 2018 година, кога стотици тони камења се урнаа врз коловозот и пругата, а за малку беше избегната трагедија, бидејќи неколку скунди пред одронот, по овој пат поминаа автобус и автомобили.
Извор: телевизија 24
Moжеби ќе ве интересира: